речник контакт

Од денес, среда, нема заштитни маски на отворено, но ќе има гледачи на спортски натпревари на отворено, свадби со по 100 гости

Полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро останува

Петар Печков

Владата вчера, доцна навечер  ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб, во врска со спречување на внесување и ширење на КОВИД-19.

Почнувајќи од денеска, 2 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

- Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

- Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

- Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

- Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

- Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

- Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и

- Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »