речник контакт

Од денес 15 ноември, задолжително е поседување на зимска опрема во возилото

Возачите треба да извршат и редовна зимска проверка на возилото

Петар Печков

Потсетување за  сите возачи и сопственици на моторни возила, дека  од  денес 15 ноември 2022 година стапува на сила законската обврска за поседување зимска опрема за  своите возила, која како законска обврска е со траење до 15 Март 2023 година.

Возачите треба да  направата  редовна зимска проверка на возилото, кое  подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн. Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од се е носењето на соодветна зимска опрема.

Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »