речник контакт

Од десетина контроли во Велес, еден продажен објект не почитувал „0“ отсто ДДВ

Законската одредба почна да се применува од четвртокот, 17-ти март 2022 година, со неа е предвидено намалување на ДДВ од 5 на 0% за лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот од сончоглед.

Петар Печков

Во саботата кација за контрола, колку продажните објекти го  почитуваат Законот, дали основните продукти за исхрана се пресметува ДДВ со 0 или со 5 % во Велес само кај еден е констатирана неправилност. Биле проверени десетина продавници. На ниво на држава биле  направени се вкупно 611 контроли од кои кај 114 обврзници се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања . И покрај укажувањата за прилагодување на фискалните апарати дел од даночните обврзници немале прилагодени каси согласно Законските одредби кои мораше да ги направат до 17 март, 2022 година.

„Најмногу неправилности има утврдено во Тетово. Од 31 контролиран продажен објект во Тетово кај 15 биле утврдени неправилности односно не издавање и неусогласена фискална сметка. Од 28 контролиран објект во Струга кај 14 имало неправилности. Во Прилеп и Охрид направени се по 32 контроли и кај 12 даночни обврзници имало констатирани неправилности. Во Битола од 55 контроли, кај 10 имало констатирано неправилности. Спротивно на Закон постапиле и 6 даночни обврзници од Струмица, од Кавадарци,од Гостивар и од Ресен. Во Неготино од вкупно 17 контролирани даночни обврзници кај 3 имало неправилности. Додека во Штип, Гевгелија, Кичево, Валандово и Велес само кај еден даночен обврзник имало постапување спротивно на Закон “ – истакна директорката на УЈП   Сања Лукаревска.

Во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалаци, трговија на мало со месо и производи од месо, трговија на мало со моторни горива и кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици, односно деловни единици со поголема продажна површина и остваруваат промет во поголем износ.
На територија на Регионалната дирекција Скопје од 136 извршени контроли, кај 13 даночни обврзници е утврдена неправилност. На територија на РД Битола од 120 извршени контроли кај 41даночен обврзник утврдена е неправилност. Во прилепскиот регион извршени се 93 контроли и кај 22 даночни обврзници е констатирано неправилност. На територијата на Регионалната дирекција Струмица од извршени 85 контроли кај 10 е утврдено неправилност, додека на територија на РД Штип од 99 извршени контроли, 2 се со утврдена неправилност. А на територија на Регионална дирекција Тетово од 78 извршени контроли, 26 се со утврдена неправилност.

Лукаревска, апелираше до граѓаните да ги бараат фискалните сметки и секаде каде ќе увидат наплатен ДДВ на основните производи за исхрана, да пријават на телефонските броеви 198 или на 0800 33 000, како и преку апликацијата„ Мој ДДВ“. Законската одредба почна да се применува од четврток, 17 март 2022 година, со неа е предвидено намалување на ДДВ од 5 на 0% за лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот од сончоглед.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »