речник контакт

Од дом на велешки бизнисмен украдени 210 илјади евра

Кражбата се случила саботата попладне кога во домот, кој бил и канцеларија, немало никој.

Петар Печков

Велешки бизнисмен вчера попладне е ,,олеснет,, за 210 илјади евра. Овие пари  на А.К. ( 42 год) му биле украдени во периодот помеѓу од 16,00 до 20,30 часот, од домот  на улица Васил Иљовски, во населбата Речани, соопшти СВР Велес. 

Кражбата е извршена  од страна на непознат сторител кој влегол во  во куќата сопственост на А.К. (42)  кога немало никој во неговиот дом.

При кражбата украдени се 210 илјади евра, кои биле во два плика и  хард диск од компјутер. Според полицијата  кражбата била  извршена од  сторителот или повеќе нив, кои влегле преку незаклучена врата на приземјето од семејната куќа која воедно му била и седиште на фирмата.

Од канцеларија го одзеле хард дискот, а потоа насилно ја отвориле вратата од дневната соба и од фиока ги одзеле пликата со пари. СВР-Велес работи на  пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »