речник контакт

Од есен во Велес две нови студиски групи на Технички факултет од Битола

Од есен во Велес дисперзирана настава ќе одржува Техничкиот факултет од Битола за насоките сообраќај и информатика и компјутерска технологија, информираше градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Петар Печков

Од есен во Велес дисперзирана настава ќе одржува Техничкиот факултет од Битола за насоките сообраќај и информатика и компјутерска технологија, информираше градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Сеуште не е позната бројката на студенти кои настава ќе посетуваат во Велес, но цел на отварањето на овие студиски групи е привлекување на студенти од Централниот и Источниот дел на Македонија како и поефтино студирање за нив, најавиле првите луѓе на овој факултет од Битола.

Во Велес засега има дисперзирана настава на Факултетот за туризам од Охрид а во тек се преговори за отварање на неколку насоки од Електро-Техничкиот Факултет од Скопје но и од Државниот Универзитет од Киев - Украина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »