речник контакт

Од железничката несреќа кај Рајко, направена е голема материјална штета

Оштетени се инфраструктурните постројки, пругата, колосеците,електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел, штета која допрва ќе се утврдува

Петар Печков

Од МЖ инфраструктура најавуваат дека  до вечерва  електрична локомотива ќе биде крената од пругата и железничкиот сообраќај  на релацијата Скопје - Велес нормализиран. Несреќата се случи после железничка станица Рајко Жинзифов, во вторникот попладнето околу 17 ч.  Причинета е голема материјална штета, која надлежната комисија на МЖ инфраструктура,  која е на терен ја утврдува.   

Направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки , пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета  ќе ја утврди комисијата која е излезена на лице место. Моментално се врши поправка и подигање на локомотивата и се очекува во вечерните часови сообраќајот да биде пуштен со дизел влеча на возови- стои во писмената информација од МЖ инфраструктура. Поради ова патничкиот воз од и за Кочани не сообраќа а возовите од и за Битола и Гевгелија возат до и од Велес.  

До прекин на железничкиот сообраќај  на пругата помеѓу железничките станици Скопје  и железничка станица Велес е дојдено по одрон на карпа која падна на пругата  -колосекот. На одронот налетал товарен воз со електрична локомотива при што е дојдено до излизнување на истата од колосек. Таа откако се излизгала удрила во блиските метални столбови од контакта мрежа.  Од ударот во карпата со повреди се здобиле  машиновозачот и неговиот помошник на локомотивата, кој беа згрижени во велешката Болница. Тие утрово се пуштени на домашно лекување.  Машиновозачот Стефан М.(23) од Скопје и совозач Роберто Б. (23 год) при ударот на локомотивата,  удриле со главите во машината и се онесвестиле.

 Во 19,10 ч. на хируршкото одделение  донесени се две лица повредени во железничка несреќа. Се жалеа на повреди на главата, вратот и рамениците. Укажана им е итна лекарска помош, ноќеска се здржани во Болница, опсервирани се и утринава се пуштени на домашно лекување - изјави Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »