речник контакт

Од затворот Идризово не носат осудени како сведоци, предметите во Велешки суд стојат

Од затворот порачале не носат сведоци, туку само ако се обвинети

Петар Печков

Точно една година Здравко Јовановски (36 год) од селото Миравци гевгелиско е во притвор. Исто толку време чека да   бидат донесени клучните  сведоци во судскиот процес кој се води за разбојништво над мигранти, каде тој е обвинет.  

Тринаесет пати му е продолжуван притворот, одржани се осум расправи,а сведоците ги нема. Иако тие имаат позната адреса и времено место на  живеење, не се присутни.   Перо Рујковски и Перо Минов се на отслужување на казната затвор, која ја добија откако го призна делото за кое беа обвинети, разбојништво за мигранти.

Тие двајцата го признале делото, додека трето обвинетиот за истиот настан, кој се случи на 7-ми декември, минатата година,во близина на Миравци, Здравко Јовановски негира дека учествувал во разбојништвото.  И тука започнуваат неговите  проблеми.  

Од Затворот Идризово испратиле порака,  дека двајцата Перовци, соселани на Здравко  нема да ги донесат. Откако Јовановски реагираше до Народниот правобранител на правото на разумно судење и што толку долго чека во притворот во Шутка, судот побарал и добил одговор, зошто сведоците ги нема.

Телефонски стапив во контакт со надлежните од затворот  и прашав зошто не ги носат двете лица, иако постојано испраќаме покани за нив. Ми беше кажано дека од затворот не носат сведоци, туку само ако се обвинети – рече судијката Тања Милева која го суди овој предмет.  

Со идентичен проблем се судри и обвинетиот Зати Салиев (37 год) од селото Ѓавато гевгелиско, иако тој не е во притвор.   И тој е  обвинет дека учествувал во разбојништво над мигранти. Но  петмината сведоци, кои учествувале во делото и го признале, се веќе в затвор. И тие не можат да бидат донесени.  Со идентично оправдување.

Телефонски не информираа дека лица од затвор како сведоци не носат по судовите – изјави на расправата судијката Габи Гајдова.   За адвокатите на обвинетите ваквата одлука на затворската управа е неразбирлива и тие се во дилема како ќе ја докажат невиноста, кога клучните сведоци ги  нема.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »