речник контакт

Од играчка плачка, прекршочна за лажна пријава

Лицето В.И (16) од Велес, сторил прекршок од областа на јавниот ред и мир-лажно пријавил настан.

Петар Печков

Средношколец лажно се јавил дека негов соученик се обидува да се самоубие, поради што доби прекршочна пријава.

Пријавениот на ден 24.03.2010 година околу 10,00час. во дворот на ССОУ Димитрие Чуповски во Велес, го искористил мобилниот телефон на негов соученик, односно се јавил на телефонскиот број 195 - Центар за управување со кризи и пријавил дека во училиштето некој ученик држел нож и сакал да се самоубие, при тоа лажно претставувајќи се дека е професорот по музичко.

По пријавата од ученикот, дежурниот во Центарот за управување со кризи веднаш пријавил и ја алармирал полицијата и итната медицинска помош.
Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес веднаш е излезено на лице место, излезена е и екипа на итната медицинска помош од Велес, обавени се разговори со надлежните во училиштето при што констатирано е дека се работи за лажно пријавување.

Од страна на Секторот за внатрешни работи Велес  извршени се дополнителни проверки при што утврден е бројот од кој бил упатен телефонскиот повик и сопственикот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »