речник контакт

Од понеделник, 17 февруари ЈП за државни патишта најавува почеток на санацијата на карпите кај Цуцка

Инвестицијата е вредна 62 милиони денари а ќе се работи следните осум месеци

Петар Печков

Понеделник на 17 февруари ќе почне санацијата на свлечиштето и потпорниот ѕид на регионалниот пат Велес–Градско, делницата на излезот од градот. Ова е најава која денес ја дистрибуираа од ЈП за државни патишта. 

Карпата падна без малку пред две години, на 13 -ти марти 2018-та година.   Предвидениот рок за извршување на работите е осум месеци, односно до 17.10.2020 година. Инвестициската проценета вредност за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари.

При изведба на свлечиштето ќе се изврши ископ и санација на веќе пропаднатиот дел од патот со изградба на нов бетонски ѕид. Поставување на нова еластична ограда согласно со европските стандарди и демонтажа на старата ограда. Ќе се извршат земјени, геотехнички и ѕидарски работи на еден дел, односно ќе се изврши целосно торекетирање на околу 5.000 м2 со поставување на анкери, поставување на габиони и поставување на заштитни мрежи за да се спречат било какви одрони во иднина -  соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

За заокружување на работите  ќе биде извршена санација на оштетениот асфалт со гребење и асфалтирање, со цел да се комплетира санацијата на свлечиштето. Во писмената информација нема податок дали патот од Велес кон Градско ќе биде слободен за користење. 

МЖ инфраструктура за 36 часа го расчисти одронот на камења на пругата  Велес- Градско, и таа беше слободна за да сообраќаат возовите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »