речник контакт

Од понеделник второто издание на фестивалот на комедија „5ре“

На репертоарот се седум претстави, една детска во придружна програма

Петар Печков

Од понеделник 15 мај до следната недела 21 мај, во Велес ќе се одржи театарскиот фестивал  на комедијата  „5ре“, втор по ред, На репертоарот се седум претстави, една детска во придружна програма.

„Создадовме програма од најактуелните театарски комедии во моментов во Македонија и очекуваме дека публиката ќе ужива и повторно ќе имаме полни сали“ - кажа Жарко Спасовски од  организаторот „Публика  плус“.

 
15- „Кафез кај кокони“ на МНТ - режија Димче Николовски
16 -„Илуминати на театар Комедија - режија Синиша Ефтимов
17 -„Каква ти е жената, таков ти е животот“  - гостин Драган Маринковиќ Маца
18 - Секс и лаги “ на  НТ Куманово - режија Драган Таневска
19 „Енергични луѓе“ - НТ Охрид  режија Александар Ивановски
20- „Ле кретен“ НТ Штип  режија Никола Ристов
21 - стенд ап шоу со Жарко Јовановиќ, амфитеатар Младински парк

Сите претстави започнуваат од 20ч. и се играат на сцената на велешки театар. Билети се пуштени во продажба од денес, четврток, на билетара на театарот.

Претставите кои се играат на амфитеатар во Младински парк, се бесплатни и без билети. (доколку има лоши временски услови организаторот ќе одреди нова локација).

 
Придружна програма сабота 12ч. детска претстава во амфитеатар Младински парк  „Сказна за рибарот и рипката“  на театар Колозов.

Фестивалот го организира Здружението на граѓаните „Публика плус“ од Велес, а финансиски е поддржано од Општина Велес со 800 илјади денари.

„Ги поканувам гледачите да дојдат и ја проследат програмата. Лани  се бареше билет плус за секоја претстава, што ќе рече дека беше прифатен од гледачите. Би сакал и годинава да биде така. Посакувам претставите да ги проследиме со сема, да се дружиме, културата ги зближува луѓето, независно  кој од која политичка партија или националност“ - кажа градоначалникот Колев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »