речник контакт

Од понеделник штрајк на воспитувачките во градинките и на наставниците од образованието

Од среда 14 април со генерален штрајк почнуваат вработените во Македонска пошта

Петар Печков

Вработените во детските градинки, воспитувачите и негувателките како и просветниот кадар од образованието од понеделник 11 април  започнуваат штрајк.  Тој е на неодредено време,  ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања за усогласување на минималната плата со останатите плати во образовниот сектор. 

Ова доаѓа  откако  СОНК  не постигнаа договор со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалистите се револтирани бидејќи платите во овој сектор се на границата со законскиот минимален износ од 18 илјади денари и бараат покачување од 18,5 отсто.

Штрајкот би бил класичен, вработените нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес.

Барањето на СОНК е усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува на 18.000 денари. Дополнително од Синдикатот бараат минималната плата во иднина да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работните места во образовниот сектор.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека без оглед што вработените ќе штрајкуваат,децата ќе бидат згрижени.  

Премиерот Ковачевски порача дека Министерството за образование и општините мора да го организираат образовниот процес, децата мора да имаат образование.

Вчера, четврток протестираа приватните лекари кои барат измени на Законите и повисока капитација. Вчера и денес, петок протестираа вработените во државната администрација, вработените во судовите, кои бараа повисока плата, поточно најниската да биде над минималната од 18 илјади денари.

Од среда 14 април со генерален штрајк почнуваат вработените во Македонска пошта, а како што велат од нивниот синдикат штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Тие бараат покачување на платите во износ од 3.000 денари.

Причината за штрајкот е и загриженоста кај над 2.200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, не покачување на платите повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно не обезбедување на средства за работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »