речник контакт

Од понеделник ќе се реконструира железничкиот патен премин на Стар мост

Целокупниот сообраќај, шест дена ќе се одвива преку мостот Гемиџии

Петар Печков

Од понеделник започнува реконструкцијата на железничкиот патен премин на Стар мост, информираа од МЖ Инфраструктура. Тоа е четвртиот ваков премин кој ќе се модернизира во Велес.

Претходно беа  обновени премините кај фабриката Киро Ќучук, на мостот Гемиџии и преминот за Дворови.

Поради реконструкцијата на железничкиот патен премин ќе се воспостави времена измена на сообраќајниот режим на овој патен правец и целокупниот сообраќај ќе се дови преку мостот „Гемиџии“ .

„За времетраењето на градежните работи Стар мост ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација. Сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива од десната страна на река Вардар преку улиците „8 Септември“ и „Димко Најдов“, додека од левата страна на Вардар ќе се одвива по улиците „Димитар Влахов“, „Петре Прличко“, „Кресненско востание“, „Ангел Мишев“, „Браќа Капчеви“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- соопштија од локалната власт.

Се најавува дека градежните работи треба бидат завршени на 19 ноември  на крајот на денот. Испратен е  апел за внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација

Додека трае реконструкцијата и модернизацијата на железничкиот патен премин Стар мост, за тие шест дена, од МЖ Инфраструктура о од Општина Велес   бараат граѓаните да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно извршување на градежните работи.

По свршувањето на овие градежни дејствија работите ќе продолжат на железничкиот патен премин за Горно Оризари. Последниот патен премин, кај Штипска рампа најверојатно ќе се работи следната година. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »