Петар Печков
Објавено: вторник, 31 август 2021
Вчера попладне, понеделник, почина пациент на 35 годишна возраст од Велес, позитивен и невакциниран, лекуван седум дена на Инфективно одделение. Тој е 182 жртва од последиците на корона вирусот.
„Вкупно се хоспитализирани 44 пациенти, од кои 34 се потврдени позитивни,девет сомнителни и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - изјави д-р Елеонора Јованова , портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение се згрижени 39 а на Интерно пет лица. Освен од Велес и Велешко има пациенти згрижени на ова одделение од Свети Николе, Кавадарци и Радовиш.
Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 11 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се четворица. Или активни се 220 случи со корона вирус во велешко.
Tweet |