речник контакт

Од почетокот на годинава, приватните доктори и приватните стоматолози со повисока капитација

Една битка приватните доктори добија,но тие се насочуваат на нова, промена на Законот за здравствена заштита, на ставот со кој пациентите ќе бидат запишани на амбуланта а не на доктор

Петар Печков

Приватните доктор и приватните стоматолози од почетокот на годинава добија повисока вредност на  капитациониот бод.  Ова е одлука  на Фондот за здравство, која е излезена во службен весник.

Приватните доктори имаат повисока капитација, од  63 денари скокна на 75, додека капитацијата за приватните стоматолози е  61 денар по пациент.  Со ова барањата  на приватни доктори и стоматолози, после повеќе години се исполнети.

„За овој период додека преговаравме, протестиравме, скокнаа цените на храната, горивата, струјата, просечната плата, мораме да исплатиме К-15. Така по четири години разговори преговори, нашите аргументи беа земени во предвид и оваа „битка“ заврши позитивно“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Една  битка приватните доктори добија,но тие се насочуваат на нова, промена на Законот за здравствена заштита, на ставот со кој  пациентите ќе бидат запишани на амбуланта а не на доктор.  

„Многу е битно пациентите да бидат на ПЗУ, не на доктор, како што е сега. Со тоа младите доктори ќе имаат сигурност, ако некој од нивните возрасни колеги замине во пензија, замине во странство, пациентите да останат на ординација.    Во моментов недостигаат  и „Л“ обрасци и многу пациенти се останати без матичен доктор, недостигаат хартиени формулари“ - вели д-р Чолакова Дервишова.    

Приватните стоматолози пак и натаму бараат промена на партиципација  на услугите, кои не биле променети од 2008, во однос на услугите за вадење на заб, пломбирање.   

Приватните доктори пред Бадник ја добија капитацијата за месец октомври  а првата  нова повисока, јануарската ќе ја добијат во април, доколку се продолжи со истото темпо на исплата. Во Македонија има 1.436 приватни амбуланти, 124 се гинеколози, 126 се интернисти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »