речник контакт

Од продажбата на пастрмалијата собрани 2,2 илјади денари

Наменети се за хуманитарна цел

Петар Печков

Од саботната  продажба на питата  пастрмалија  собрани се скромни 2,2 илјади денари. Ова информација ја соопштија  волонтерите на Општинскиот Црвен крст од Велес, дека  собрале околу 2,2 илјади денари.

Тие  се наменети за велешко семејство од ранлива категорија. Питата која се продаваше за хуманитарна цел беше подготвена од пекара Којник. Таа имаше мастраф од  25 килограми тесто, 20 кг месо и 200 јајца.

Таа вредност е далеку од собраните пари. Или очигледно е  дека дел од посетителите кои даруваа тоа не го сториле. Освен што добија парче пита тие добија и  шолја со логото ан манифестацијата.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »