речник контакт

Од сабота повторно со воз од Велес за Солун и Белград

По три години пауза се враќа Хелас експрес

Петар Печков

Велешани од сабота, 9-ти мај повторно со воз ќе можат да патуваат за Солун и Белград. Така  по три годишна пауза се враќаат меѓународните возови кои сообраќаат низ железничката станица во Велес.  

Возот кон Солун тргнува во 6 часот наутро  а пристигнува во Солун во 11,10 часот.  Од Солун тргнува попладне во 15.51 а во Велес е во  19.00  додека во Белград пристигнува во 5,33 наутро. Од Белград за Велес овој експресен воз тргнува попладне во 18,45.

Цената на билетот до Солун е 610   а повратна  изнесува 1.200 денари.   Од 10 мај до 10 јуни, во првиот месец на возење сите патници ќе имаат попуст од 30 отсто на билетите до Солун и назад.
 
Велес меѓународно е поврзан со две автобуски линии до Белград и Софија.  Од  Велес  до Белград има еден автобус во 19.50, додека до Софија два во 7 и 22

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »