речник контакт

Од среда започнува новата годинашна театарска сезона

Сабота гостување на Интимен театар Битола

Петар Печков

Со претставата ,,Ноќите во бел стен,, на текст на Братислав Димитров и режија на Ненад Витанов, среда започнува годинашната театарска сезона во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Констанинов Џинот,,.

Во  комедијата настапуваат  Ордан Витанов, Маја Љутков, Васил Зафирчев и Зоран Љутков. В недела на  малата сцена е  претствата ,,Класен  непријател,, според текст на Најџел Вилијамс, во режија на Теа Беговска.

Во неа настапуваат:  Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Славица Манаскова, Кирил Гравчев, Слободанка Чичевска, Александар Георгиев, Весна Бобевска.   

Сабота вечер е гостување на Интимен театар од Битола  со  ,,Будење на пролетта,,. Таа е инспирирана од текстовите на Франк Ведекинд, а во режија на Софија Ристевска која во овој проект настапува и како актер.Во претставата заедно со неа  настапуваат Здравко Стојмиров и Стефанија Милевска

Во ова време на суров неолиберализам кога жената има професија и кариера, а плус мора да е добра мајка, домаќинка, сопруга и љубовница, таа се соочува со константната нетрпеливост и нетолерантност од страна на општеството, што не е едуцирано и истренирано, за да го толерира моделот на „Жена-Лидер“. Нашата претстава со голема доза на хумор и самокритика ги разгледува проблемите на жените што се борат активно за своите позиции и не потпаѓаат под ничие влијание, посочи Ристевска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »