речник контакт

Од среда 1 јули започнува Меѓународниот фолклорен фестивал Велес 2026

Според програмата годинава ќе има петнаесетина ансамбли, од три континенти. Меѓу нив и гости од Костарика

Петар Печков

Од 1 до 4 јули, среда – сабота, по 31 во Велес ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал Велес 2026. Локацијата останува непроменета, амфитеатарот во младински парк, почетокот традиционално од 20,30ч. освен во сабота од 20 ч.

Според програмата годинава ќе има петнаесетина ансамбли, од три континенти, Средна Америка, Европа и Австралија. Учесниците доаѓаат од Костарика (новина), Мексико, Полска, Италија, Србија и Албанија (новина). Учесници има и од неколку града од Македонија, сите фолклорни друштва од Велес плус распеани Велешани и Пензионери. 

Деталите за програмата ќе бидат соопштени вторник на прес конференција.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »