речник контакт

Од среда велешки театар започнува со играње на претстави од редовниот репертоар

Предвидени се три претстави на репертоарот за месец октомври и една премиера, „Инферно“ од Дејан Пројковски

Петар Печков

Од наредната седмица Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ започнува со одигрување претстави на редовниот репертоар.

Овој месец, октомври, ќе се играат четири претстави:  „Синиот портокал“од  британскиот автор  Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски,  која веќе пет и пол години се игра на малата сцена и се уште е актуелна  и гледана од публиката, „Четири соби“  работена според истоимениот филм, омнибус од четири дела, во адаптација и режија на Синиша Ефтимов,  „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

За крајот на месецот е најавена премиерата на  претставата „Инферно“ според „Пеколот“ од Данте Алигиери, во режија на Дејан Пројковски.Сите претстави започнуваат од 20 ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »