речник контакт

Од среда по две години застој, продолжува изградбата на експресниот пат Градско -Прилеп

За градежните работи има нови изведувачи, австриски „Штрабак“ и кинески „Сино хидро“

Петар Печков

Од среда продолжуваат градежните работи на експресниот пат Дреново  -Фариш а до крајот на месецот и Градско- Дреново. Двете делници се дел од експресниот пат Градско -Прилеп,чија изградба  беше во застој две години, откако италијанските компании „Тиренаскави„ и „Рубау“ ги раскинаа договорите со инвеститорот ЈП за државни патишта и ги напуштија работите.  Новите изведувачи се австриски „Штрабак“  која  ќе работи на делницата Градско и кинеска „Синохидро“ која ќе работи на делницата Дреново- Фариш.

Ова го најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со премиерот Зоран Заев беа на увид на градежните активности на делницата од регионалниот пат  Кавадарци- Дреново.

„Продолжуваат  работите на делницата Дреново- Фариш кој е со напуштена од страна на поранешниот изведувач,  имаме избрано нов, кој на 9-ти јуни започнува со работа.  Патниот правец Градско- Дреново е во фаза на преземање на градежните работи од компанијата „Штрабак“. Имаме избрано и изведувач на градежните работи за реконструкција на превојот  Плетвар, од Фариш до Прилеп и во наредните два месеци, по изборот на надзорен орган, ќе започнат активностите, најдоцна есенва“ - најави  министерот за транспорт и врски  Благој Бочварски.

Изградба на експресен пат Градско - Прилеп беше најавено дека ќе се изведе во три фази. Првата фаза е изградба на делницата Градско - Дреново,во должина од 16 км со вредност од 23 милиони евра, 85% средства од ИПА фондовите на ЕУ  и 15% од државниот Буџет. Од оваа делница изградени се 33 отсто од работите.  Втората фаза е   делницата од  Дреновска клисура до Фаришка клисура  во долина од 10 км. во вредност од 31,8 милиони евра, со заем од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).  Од оваа делница се изградени 35 отсто од градежните работи. 

Предвидена е и рехабилитација на патен правец  Фариш – Прилеп, превојот   Плетвар  со буџет од  7,5 милиони евра, средства од заем со ЕБОР. Целата делница од експресниот пат Градско -Прилеп  изградба требаше да заврши до крајот на 2022-ра година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »