речник контакт

Од среда полицискиот час од 16 часот до 5, а сабота и недела 24 часа по дома

Младите можат да излегуваат од 13 до 15 ч. а лицата над 67 години од 10 до 12, од четврток

Петар Печков

Од среда полицискиот час на целата територија на Македонија  ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

За време на викенди, движењето ќе биде целосно забрането, односно полицискиот час ќе трае петок од 16 до понеделник до 5 часот.

Лицата над 67 години од четврток  ќе можат да излезат од дома од 10 до 12ч. а младите до 18 години од 13 до 15ч. 

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Ова се одлуки на Владата а по препораките на Комисијата за заразни болести а преземени во рамките на заштита од епидемијата на ковид -19. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »