речник контакт

Од студот се расипаа 352 водомери во Велес

Имало и 30 дефекти на водоводните линии

Петар Печков

Ниските температури, мразот, студот предизвикаа сериозни проблеми во  живеењето на велешани.   Тоа се одрази во водоснабдувањето на домаќинствата.  Во првиот месец од годината  водоводџиите имаа полни раце работа.  

ТрМр ги праша велешките комуналци, колку граѓани побараа од нив  помош,  во јануари во периодот од 6-ти до  31-ви поради испукани цевки и водомери.

Во периодот во кој се интересирате, како резултат на екстремно ниските температури, извршени се 352 поправки на водомери, вентили и сл., како и 30 интервенции на дефекти на водоводни линии – стои во писмената информација од ЈКП Дервен.

Или секојдневно во просек по 14 водомери, во исто толку домаќинства се расипувале од ниските температури.  А секој ден во студот, во просек  по еден дефект имало во одделни делови на  Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »