речник контакт

Од трите средни училишта во Велес, собрани 78 крвни единици

До крајот на ноември во велешко собрани биле 3.383 крвни единци

Петар Печков

Завршија крводарителските акции во трите средни училишта во градот. Собрани се  вкупно  78 крвни единици. 

Од нив најмногу 48 се од „Коле Неделковски“, па 16 од Гимназијата Кочо Рацин и 12 од Хемиското „Димитрие Чупоски“.

Овен учениците со напомнети 18 години, крв дарувале и вработените во овие образовни институции. Во Економска не е спроведен поради малиот број на  ученици во четврта година.  

Во училиштата, оваа есен не било дозволено да се дарува крв за ученици со наполнети 17 години, како што било пракса претходно,  поради добрите резерви на крв  во Трансфуизионата медицина во Скопје. 

До крајот на ноември во Општинската организација на Црен Крст Велес, каде се и општините Чашка и Градско собрани биле 3.383 крвни единци  а планот е 1.861.

До крајот на годината има уште две крводарителски акции, в петок во ОУ Блаже Конески и сабота во Градско. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »