речник контакт

Од трите средни училишта во Велес, собрани 85 крвни единици

Во пролетните крводарителски акции првократни дарители биле 47 лица

Петар Печков

Завршија крводарителските акции во трите средни училишта во градот, реализрани оваа пролет. Собрани се  вкупно  85 крвни единици, што е повеќе од 78  дарувани во есенската акција.  

Од нив најмногу 57/ есеноска 48 се од „Коле Неделковски“, па 16, исто колку и есеноска  од Гимназијата Кочо Рацин и 12 исто толку колку во ноември лани  од Хемиското „Димитрие Чуповски“.

Овен учениците со наполнети 18 години, крв дарувале и вработените во овие образовни институции. Во Економска не е спроведен поради малиот број на  ученици во четврта година.  

Првократни дарители во „Коле Неделовски“ биле 36, во Гимназијата 8 и тројца во Хемиското. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »