речник контакт

Од утре, петок се отвора локалитетот Стоби

При посета на локалитетот, потребно е да се почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од корона вирусот

Петар Печков

Среќни сме што повторно можеме да ве поканиме на прошетка во древниот град Стоби. Започнувајќи од утре, петок, 3-ти јули, археолошкиот локалитет е отворен за сите посетители, напишаа на ФБ од Националната установа Стоби.

.
Отворениот простор на локалитетот овозможува физичко дистанцирање и безбедна прошетка. При посета на локалитетот, домаќинот  потсетува да се почитуваат  мерките и препораките за заштита и превенција од корона вирусот (КОВИД-19). Тешко дека годинава ќе може да се стигне до ланските 20 илјади посетители, но сепак од НУ Стоби веруваат дека пред се домашните туристи ќе дојдат да го посетат локалитетот. 

Во текот на минатиот месец, НУ Стоби започна со подготовка за безбедно отворање на локалитетот за посетители и нормално функционирање на вработените. Минатата седмица започнале и  археолошки истражувања во рамките на проектите финансирани од Министерството за култура преку Годишната програма за 2020 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »