речник контакт

Од црквата Св. Пантелејмон украдени пари и свеќи

Крадецот влегол насилно, кршејќи ја споредната врата

Петар Печков

Во текот на петокот попладнето или вечерта, по затворањето на црквата Св. Пантелејмон, извршена била кражба. Непознат сторител откако ја скршил споредната врата, влегол низ нeа и одзел пари и свеќи. За кражбата полицијата била известена вчера, кога клисарите дошле во црквата. Во информацијата на МВР нема колку е материјалната штета од овој чин.

На 4-ти април  во СВР Велес било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата “Св. Пантелејмон“ во Велес. Имено сторителот насилно ја отворил споредната врата, по што одзел пари и свеќи - пишува во полицискиот билтен на МВР.

Полицијата најавува дека се работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »