речник контакт

Од четирите најгледани филмови во светот, три се прикажуваат во 3Д киноверзум во Велес

Премиера на „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти,

Петар Печков

Пет филма наредните седум дена на репертоарот на 3Д Киноверзум во Велес, од нив еден е премиера. Од петте филма, три се на врвот по гледаност во светот, изминатиот викенд – „Лоши момци: Сè или ништо“,„Набљудувачи“, “Анимираниот „Гарфилд“

„Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година.  Семеен филмски хит кој со сигурност ќе ве насмее. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney. 

Најгледаниот филм во светот, изминатиот викенд - Лоши момци: Сè или ништо, нова авантура на Вил Смит и Мартин Лоренс.  Ова лето, омилените лоши момци на светот се враќаат со својот неверојатен микс од акција и урнебесна комедија, но овој пат со пресврт: најдобрите од Мајами сега се во бегство.

 Хоророт „Набљудувачи„ е на репертоарот на  3Д киноверзум и се најде на четврто емсто по борјто на гледачи , изминатиот виекнд. . Млада уметничка се губи во голема шума во западна Ирска. Откако ќе најде засолниште таа останува заробена со тројца непознати луѓе додека секоја вечер ги демнат мистериозни суштества.

Анимираниот „Гарфилд“ е на второ место по гледаност во светот изминатиот викенд.   По неочекуваното повторно обединување со неговиот одамна изгубен татко, со  бушавата улична мачка Вик, Гарфилд и неговиот пријател кучето  Оди, се принудени од нивниот совршено разгален живот да му се придружат на Вик во урнебесен грабеж со големи влогови.

И се разбира македонскиот анимиран филм,  „Авантурите на Биби и Боби:Волшебната шума“ кој е на репертаорот нa 3Д киноверзум. Со најновите авантури на Биби, Боби и жителите на волшебната шума, подгответе се за револуција, тајни занаети, неверојатна магија, возбуда, нова музика, модни ревии, луди забави, фудбалски натпревари!

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »