речник контакт

Одам на лов, сабота вечер премиерно во велешки театар

Комедија на ситуации, на заплети која ќе ја засмее публиката

Петар Печков

Сабота вечер, премиерно во велешки театар ќе биде изведена претставата ,,Одам на лов,, на Жорж Фејдо, во режија на Дејан Дамјановски  и драматургија на Сашо Димовски.   Со оваа претстава се отвора театарската сезона 2019/20. Драмата ,,Одам на лов,, е напишана 1892 година а во велешки театар е поставена  1969 и 1993-та година.

Ова е комедија на ситуации, на заплети, кои на сцена треба да бидат внимателно пласирани од страна на актерите. Текстот е за вонбрачни авантури на  двајца сопружници, кои имаат слободни активности, кои ги прават мошне несмасно. Претставата ја донесовме во современо време, денес. Очекувам публиката да се забавува кога ќе ја гледа - рече режисерот Дејан Дамјановски.   

Целиот процес на подготовка на претставата помина со голема леснотија, се забавуваме додека ја поставувавме претставата. Моето чувство е дека таа ќе има долг век а публиката ќе биде задоволна - порача актерката Маја Љутков. 

Направивме супер карикатури од ликови, кои можат да се сретнат било каде, било кога. Ситуациите се случуваат и во минатото, се случуваат и денес и ќе се случуваат  понатаму. Ако некој се препознае, не е нарочно. ја препорачувам публиката да дојде и да ја гледа - рече актерот Фаик Мефаиловски.

Просецот на работа на оваа претстава ја соединува екипата, делува опуштено за следните предизвици - рече актерот Самоил Стојановски.  

Имавме динамичен процес, на текст кој е настанат пред век и половина да го актуализираме во ова денешно време.   Сите стереотипи на Фејдо кои ја создаваат претставата ги имаме и денес и ги искористивме за ова време - кажа драматургот Сашо Димоски

Младиот актер, од неодамна член на велешкиот ансамбл Исидор Јовановски се заблагодари на приемот од постарите колеги, кои настапуваат во претставата.

Драго ми е што нашиот театар машки ги изнесе подготовките на претставата во сите елементи и тоа да допринесе да создадеме претстава, каква не сме имале одамна на репертоар. Богата интензивна претстава, која ќе има долг живот познавајќи ја велешката публика, со забавна актерска игра, со убава сценографија, убави костими, претстава во која ние актерите уживаме   Васил Зафирчев. Сценографијата на претставата ,,Одам на лов,, е на Филип Коруновски, идејата за костимите на Елена Вангеловска а ги изработи Раде Василев,  изборот на музика е на Горан Трифуновски.     

Претставата е финансирана во рамките на програмата на Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »