речник контакт

Одбележан денот на Командата за обука и доктрина при АРМ - 15 април (фото)

Како идна членка на НАТО сојузот нашата единица го следи трендот на модернизација и стандардизација на опремата -кажа командантот Петровски

Петар Печков

Со свеченост во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман  се одбележа денот на Командата за обука и доктрини, 15-ти април. Овој ден се одбележува  15-ти април 1992 година кога пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување на воениот рок во самостојна и независна Република Македонија. Иако  првиот регрут стигна на 13 април, два дена порано од поканата и тоа во касарната во Охрид. Тоа беше регрутот, велешанецот Панче Јамандиев.

Обуката во првите години беше фокусирана на војници граничари а подоцна се продолжи со обука на воен персонал.  Од 1996-та започнуваат да функционираат центри за обука на родови и служби. Неколку години подоцна е формирана Командата за обука, чие седиште во 2006-та од Скопје се префрла во Велес, каде се наоѓа и денес. Во досегашната работа, низ системот  за обука на командата покрај  регрутите од 1992-а до 2006-та ,, низ Центарот минаа и 37 генерации на војници кои доброволно го служеа воениот рок. Само минатата година 375 војници го завршија курсот за професионални војници и се дел до активниот состав на Армијата. Како идна членка на НАТО сојузот нашата единица го следи трендот на  модернизација и стандардизација  на опремата - кажа  Командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски.

Покрај овој Центар за обука, единицата располага и со повеќе центри, значајни за процесот на обука на припадниците на Армијата. Центарот за обука на питомци каде се врши  основна воена обука на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата. Тука  освен македонските државјани, него неколку години наназад  се едуцираат и  припадници од армиите на Косово, БиХ и Црна Гора.  Центарот за странски јазици врши тестирање  во познавање на воената терминологија на англиски јазик.    Центарот за дресура и одгледување кучиња прерасна во современ центар, кој освен за потребите на армијата стои на  располагање на останатите безбедносни структури и други државни институции. 

Во рамките на програмата за одбележување на Денот беа одржани спортски натпревари и крводарителска акција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »