речник контакт

Одбележан 18 август, денот на армијата

Беа наградени и унапредени војници, војни лица и вработени во АРСМ

Петар Печков

Во Велешката  касарна Алексо Демниевски Бауман беше  одбележан 18 август Денот на АРСМ.   Војниците, војните лица, вработените во армијата го одбележаа 27-от роденден. Пред гостите  и припадниците на АРСМ се обрати полковник Љубенчо Петровски, командант на Командата за обука во велешката  касарна (КОД).

За една армија покрај опремата и структурата,  од голема важност е и обученоста на персоналот. Затоа посебно место има Командата за обука и доктрини, затоа им упатувам посебна благодарност за посветеноста во извршувањето на должностите о успешноста на поставените задачи  -порача полковник Петровски. Беа наградени и унапредени војници, војни лица и вработени во АРСМ.

На 18  август 194та година, на Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско- преспанскиот одред „Даме Груев“, од Велешкиот одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Тоа е првата организирана   воена формација  на Народно Ослободителната војна на  Македонија и  овој ден е  роденден на АРСМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »