речник контакт

Одбележан 1-ви април Денот на доброволното младинско ангажирање (фото)

Поранешните акцијаши, повторно активни, денес чистеа кај Железен мост

Петар Печков

Некогашните акцијаши, повторно во акција. Денес, сабота работно  го одбележаа 1-ви април, Денот на доброволното младинско ангажирање. Бригадата која е именувана ,,Кочо Рацин,,  работеше  кај Железен мост, од десната страна.

Поддршка на поранешните  акцијаши, кои пак се активираа им дадоа од Гимназијата ,,Кочо Рацин,, и од ЈКП Дервен.  Симболично беа поврзани членовите на работната бригада и претставниците на Гимназијата, поради тоа  што  го носат името на великанот Кочо Рацин.

Во акција учествуваа 60-тина волонтери но и ученици  кои дадоа личен пример на своите сограѓани за одговорен однос кон животната средина. 

Во рамките на здружението "Акцијаш ветерани" кое е основано од поранешните бригадири и учесници на младински работни акции минатата година, активно делува и првата доброволна работна бригада во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »