Петар Печков
Објавено: среда, 20 мај 2026
Со показни вежби и презентација на опремата, велешките пожарникари го одбележаа 20 мај Денот на пожарникарите. Настанот беше во кругот на просториите на ТППЕ Велес. Овој ден им го честиташе Даниел Јаневски, претседател на Советот на Општина Велес. На настанот гости беа децата од градинките и учениците од основните училишта.
„Со особена чест и почит го одбележуваме денот посветен на луѓето кои секојдневно ја покажуваат својата храброст, пожртвуваност и човечност. Вашата професија не е само работа, туку мисија во служба на граѓаните и заштита на човечките животи и имоти„ – кажа Јаневски.
Единицата на ТППЕ Велес брои 29 пожарникари, што е помалку од лани, поради пензионирањето и затоа е потребно ново вработување. Таа покрива широка територија на матичната општина Велес, но и на општините Чашка и Градско.
Гостите имаа можност одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, да проследат симулации на интервенции и да ја разгледаат специјализираната опрема што пожарникарите ја користат при спасувачки акции.
| Tweet |


















