речник контакт

Одбележан Св. Пантелејмон, заштитникот на Велес (фото)

Велешани му се поклонија на светецот заштитник, кој ги спасил од болести

Петар Печков

Со Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештенството од Епархијата, се обележа денот на кој православниот свет го чествува Св. Вмч. Пантелејмон.

Со Празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата, а во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес.

Во уметничкиот дел на програмата на присутните граѓани имаа можност да уживаат во настапот на камерниот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ и драмската игра „1840 – почетокот“. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »