речник контакт

Одбележан Светскиот ден на Црвенот крст и Црвената полумесечина (фото)

Започнува и Неделата на Црвен крст, под мотото “Биди човечен”

Петар Печков

Општинската организација нa Црвен крст Велес попладнево во Младинскиот парк го одбележува  8-ми мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина. Воедно започнува  и Неделата на Црвен крст, под мотото “Биди човечен”.

„Организиран е  настан преку кои волонтерите ја промовираат својата работа во организација Имаме  убава попладневна  дружба и забава. “- вели Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

На настанот настапи долгогодишен волонтер Андреј Ковиловски со неговата група  Блинг бенд, како и најмали дечиња од градинките од Велес.

Настанот се одбележува ден подоцна, оти во текот на вчерашниот ден претставниците на ОО Црвен крст Велес биле ангажирани за одбележувањето во Скопје, кое било на републичко ниво.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »