речник контакт

Одбележана европската недела на спортот во Велес (фото)

Спортските игри се одвиваа на терените во Градскиот парк

Петар Печков

На неколку спортски терени во Велес, локална власт заедно со  соработка со Агенцијата за млади и спорт, оваа година за прв пат ја одбележаа Европската недела на спортот. На настанот учествуваа ученици од основните училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“, како и деца од Тенискиот клуб „Борец Велес“.

Просторот  каде се случуваа спортски игри беше во Градскиот парк во Велес, на терените на т.н. Ракометно игралиште, на велосипедската патека (Pump Track), на просторот на фитнес зоната и на теренот на тениското игралиште.  

Настанот беше  организиран   од тим на ученици од ОУ  „Васил Главинов” и „Блаже Конески” со одговорни наставници, од Општина Велес и поддршка од членовите на Тенискиот клуб „Борец Велес” од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »