речник контакт

Одбележани 65 години од смртта на Панко Брашнаров

Панко Брашнаров народниот трибун и борец за социјални права, кај велешани е познат како ,,народниот учител,, целиот негов живот го посветил во борбата за човечки правдини

Петар Печков

 Со отворање на изложба   ,,Панко Брашнаров  од национален борец од жртва на комунистичкиот режим,,  и пригодна програма  општина Велес  ја одбележа 65 годишнината од смртта на Панко Брашнаров.   Изложбата која е поставена во Ликовниот салон во Велес  опфаќа   14 паноа,  42 документи, 23 фотографии и една скица, меѓу  нив и рачно напишаниот говор од  првото заседание на АССНОМ,  каде Брашнаров како најстар член го отвора. Тие го отсликуваат неговиот скромен живот, кој го водел. 

Изложбата го отсликува животниот пат на Брашнаров и заслугите за  создавањето на современата македонска држава, за неговото образование , за делувањето меѓу двете Светски војни и како  го завршува животот на Голи Оток. Брашнаров заслужува значајно место во македонската историја и но жал  не е рехабилитиран и државата ова прашање треба да го реши – рече  Илија Василевски  магистер по историски науки, од Музејот  на Македонската борба за државна самостојност во Скопје и автор на изложбата.  

Панко Брашнаров народниот трибун и борец за социјални права, кај велешани е познат како ,,народниот учител,, целиот негов живот го посветил во борбата за човечки правдини. Тој бил социјалист,  член на  КПЈ и делегат на конгресот во Виена во 1926, член на првиот основачки конгрес на  ВМРО- обединета.  Неговите потомци, правнуците од браќата  ја објаснуваат големината на    нивниот дедо.

Татко ми раскажуваше дека сите џебови на  Панко биле сошиени, како да ги немал. Тоа за да  не држи пари со себе, сите што ги имал ги давал. Потоа не сакал да се ожени оти  не сакал неговата фамилија да ги трпи последиците од револуционерната борба и ставовите  некои ги имал – вели Елена Панова, правнука.  

При  апсењето на Брашнаров  во 1928-та година петиција за негово пуштање од затвор потпишале 68 светски  интелектуалци, меѓу нив и Алберт Ајнштајн, Анри Барбис, Јакуп Хурвиц, Регина Рубен. Во тој  1950-ва е уапсен поради неговата поддршка на Сталиновата резолуција, а следната година испратен на двегодишна ,,општествено  полезна   работа,, на Голо Оток, каде по неколку дена  на 13 јули во мизерни услови, болен умира. До пред некоја година не беше познато каде тој почива. Според пишани документи беше откриено дека е на загрепските гробишта Мирогој, каде потоа локална власт на Велес постави и спомен   плоча.    

За жал досега не се докажа дека Панко почива таму. Беше ветено дека ќе земат  крв од нас, неговите потомци преку ДНК да се утврди дека таму се останките. Ама досега ништо од тоа, никој не побарал анализа. Запрена е и целата постапка за враќање во родниот Велес. Ја чекаме и рехабилитацијата,  повеќе од тоа не треба и за нас и за Македонија – рече Милчо Брашнаров правнук на Панко.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »