речник контакт

Одбојкарите на Борец елиминирани до Купот

ГРК Борец за противник во 1/16 финалето од ракометниот Куп го доби РК Пролет 62 од Скопје

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец  неочекувано се елиминирани од Купот. Тие вчеравечер загубија со уверливи 0:3  ( 21; 23; 22)од екипата на ОК Шкендија, откако претходно и во Тетово беа поразени со 2:3. Овој резултат ги исфрли од завршницата на Купот.  Ова е четврти пораз во серија за велешките одбојкари месецов, два во првенството и два во Купот.

Беа извлечени паровите со 1/16 за ракометниот Куп. Велешкиот прволигаш ГРК Борец за противник го доби суперлигашот РК Пролет 62 од Скопје.  Се игра еден натпревар, велешани гостуваат на фаворитот, на 25-ти февруари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »