речник контакт

Одбојкарите на Борец зaгубија во финалето на Купот

ОК СТРУМИЦА – ГОК БОРЕЦ 3:0

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец се поразени во финалeто на Купот, одиграно во Радовиш со 0:3  (7, 23, 19) од екипата на ОК Струмица. Струмичани кои беа фаворити пред почетокoт лесно ги добија првиpот и трeтиот сет, пред се со грешките на велешани.

Во вториот сет, ГОК Борец имаше и предност до 21:19, но не успеа да ја сочува и во финишот струмичани направија пресврт го освоија сетот и поведоа со 2:0. Третиот сет беше рутина за струмичани, кои го освоија без мака а со тоа и победничкиот пехар. Сепак пехар и за финалистот ГОК Борец и радост за велешани.

Пласманот во финалето е успех за одбојкарите нa ГОК БОрец. Ова е четврто финале во Купот за велешани и еден освен во 1995 година. Им останува борбата во домашното првенство, каде веќе в среда играат со ОК Шкендија, дерби за второ место, каде се тетовчани,со една победа повеќе од ГОК Борец.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »