речник контакт

Одбојкарите на Борец со пораз го започна полуфиналето од разигрувањето за шампион

Зошто КМФ Кеги моби се обиде да го сокрие срамниот пораз во првата футсал лига од 17 коло, кога беше поразен од КМФ Проект со 3:28

Петар Печков

Во првиот од можните три натпревари во полуфиналето од разигрувањето за титулата првак, одбојкарите на ГОК Борец загубија со 3:1  (25:19, 25:22, 20:25, 25:21) во Тетово од ОК Шкендија. домаќините поведоа со 2:0, велешани намалија на 2:1 но немаа сили за повеќе. Разигрувањето продолжува со вториот натпревар, кој се игра в понеделник, пред камерите на МРТ 3. Се  игра на два добиени натпревари.

Во првенството на Првата футсал лига е принуден прекин, по сомнителните резултати кои се случија во финишот од првенството.Во борбата за стартната позиција еден,  КФМ Арбен Бајрами на Чаир, го совлада Јувентус Серава со 75:1 (34:1), додека КМФ Проект  во Струга на гости кај Енхалон 2020  триумфираше со 2:62 (1:25).

Ова се резултати кои беа постигнати во последното 18 коло. Вo претпоследното 17 коло,  срамен резултат и за велешкиот прволигаш КМФ Кеги моби. Откако во Липково кандидатот за прво место КМФ Арбен Барјами го победи домаќинот КМФ Карадаку со 3:18, во Валандово претендентот за првото место му нанесе тежок пораз на КМФ Кеги моби од Велес  со 3:28, резултат кој велешани се обидоа да го сокријат од јавноста, не е објавен никаде, го нема. Само од што се срамеа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »