речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец победнички во Пробиштип

ОК Весна - ГОК Борец 1:3 (-21, 21, -25, -15)

Петар Печков

Со победа против екипата на ОК Весна, одбојкарите на ГОК Борец се враќаат од Пробиштип. Во рамките на четвртото коло, тие вчера славеа на ова значајно гостување,    а со оваа победа најавуваат дека имаат екипа за четвртото место и пласнам во разигрувањето.  

Домаќините досега имаа една победа а велешани две, и со оваа радост, ги исклучија домаќините од борбата за висок пласман. Решавачки бил третиот  сет,  ГОК Борец  го добил на разлика, поведе со 2:1 а четвртиот го добил со сигурни десет поени разлика за славје на велешкиот состав.

По ова некомплетно коло ГОК Борец е четврти со три победи и еден пораз. Во следните две кола тешко искушение за   велешани, дома играат со екипата на  ОК Струмица а потоа гостуваат во Тетово на ОК Шкендија, состави  кои немаат пораз и по три победи.

Затоа пак двата натпревари кои ГОК Борец ги игра дома, во салта „Гемиџии“ се решавачки за пласманот во првите четири екипи.  Ги пречекуваат ОК Вардар и ОК Универзитет Гоце Делчев, состави кои исто така се борат за пласман во разигрувањето.

Оваа седмица не се играат натпревари во фудбал и ракомет во рамките на националните првенства.

фото  ФБ ГОК Борец

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »