речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец продолжуваат со победничката серија

Стартуваа и фудбалерките на ЖФК Борец и ракометарите на МРК Борец, и двете екипи забележаа пораз

Петар Печков

Нова победа за велешките одбојкари, овој пат на домашен терен. Со максимални 3:0 совладана е екипата на ОК Работнички со што ГОК Борец останува на третото место но и шанса да се искачи на место погоре. Без многу мака домаќините стигнаа од победа над скопјани. Во следното коло, почнува вториот круг од разигрувањето а  ГОК Борец гостува  кај ОК Лирија, која му зададе сериозни проблеми во првиот натпревар кој заврши со 3:2 за велешани.   

Започна пролетниот дел од првенството на Прваа фудбалска лига жени. Девојчињата на ЖФК Борец ан домашен терен совладани се од  трето пласираната екипа на табелата ЖФК Деспина Прилеп со 0:10.Велешанки се 10 од 11 екипи со три бода а во следното играа во Скопје со екипата на ЖФК Скопје која е 6 со 16 бода.

Вчеравечер се одигра и натпревар од 14 коло на Првата ракометна лига група „Б“. ВО Струмица  РК АСтраион, кој е петто пласиран,  го победи МРК Борец со  45:13 (19:08).И по ова коло ракометарите на МРК Борец остануваат последни беж ниту еден бод а во следното коло, дома, во салата Гемиџии играат со РК Аеродром, трето пласираниот тим на табелата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »