речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец со серија победи стигнаа до третото место во Првата лига

Прва победа за ракометарите нa РК Бисинов во Првата лига, пораз за кошарките на КК Борец баскет во Втората лига

Петар Печков

Четврта врзана победа за одбојкарите на ГОК Борец во Првата лига, која ги исфрли на третото место. Тие во 9 коло победија во Штип против екипата на Универзитет Гоце Делчев со 0:3 (22:25, 20:25, 16:25). Победата им беше потребна и на домаќините за приклучок за борбата за првите шест места, но велешани имаа пободар квалитет и славеа. Имаат 12 бода исто колку  и ОК Весна Пробиштип. Во следното коло, следниот викенд играат дома со екипата на ОК Либеро, која има пет победи и како и велешани бара место меѓу првите шест екипи.

Во прволигашката конкуренција,  во „А“ групата, прва победа за екипата на РК Бисинов. Тие ја совлада РК Јехона од Гостивар со 39:36 (18:21). Пресвртот младата велешка екипа го прави во средината  на второто полувреме. 30:29 и до крајот на средбата го сочува водството за прва радост. Тие по ова 10 коло веќе не се последни туку 8 со 4 бода. Токму следниот викенд гостуваат во Автокоманда,  во дербито на дното, играат со последно пласираниот тим на РК Шампион, кој има една победа.   Во групата „Б“ ова коло МРК Борец беше слободен. Следниот викенд играат со РК Драчево, кој е второпласиран.

Во Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец басект во Скопје загуби од КК Работнички 2018, втората екипа на прволигашот КК Работнички  со  89:61, кој досега од шест кола имаа три победи. По ова седмо коло, велешани се 11-ти претпоследни со една победа. Во следното коло во салата Гемиџии гостува уште една втора екипа на прволигаш, овој пат  екипата на КК МЗТ Скопје Уни банка, која има 12 бода, пет победи и два порази.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »