речник контакт

Одбојкарите на ОК Борец со победа го започнаа разигрувањето за опстанок

Футсал екипата на КМФ Кеги моби елиминирана од Купот, пораз за кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

 
Одбојкарите на ОК Борец со победа го започнаа разигрувањето за опстанок во Првата лига Тие дома со максимални 3:0 (16,9,16) го совладаа скопски Вардар. Така тие ја запишаа првата победа од почетокот на натпреварите а бидејќи се пренесуваат и резултатите од претходно одиграните натпревари, велешани имаат однос од  5 победи и 7 порази.  

Започнаа Куп натпреварите од футсал натпреварувањето. Во 1/8 велешки КМФ Кеги моби, дома во салата Гемиџии загуби од КМФ Проект со 3:6 (2:0). Со овој пораз од второлигашот, велешани се простија од натамошните Куп натпреварувања.

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија во Куманово од лидерот МКК  Куманово со 71:76. Тоа беше 13 победа од исто толку одиграни натпревари за кумановчани. По ова коло велешани остануваат на 6 место со 19 бода. Во следното коло играат дома со екипата на КК Ангели, која е сосед на табелата со 21 бод и доколку кошаркарите на КК Борец басект посакуваат пласман до 8 позиција, која води во разгорувањето за Прва лига, потребна им е победа. 

 фото ФБ/ КМФ Кеги моби

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »