речник контакт

Одбојкарите со нова победа за висок пласман

Двете ракометни екипи во првата лига забележаа порази. Со пораз стартуваа во пролетниот дел и пингпонгарите

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец со нова победа во втората фаза од одбојкарското првенство. Ако пред еден месец дома се мачеа  на стартот за да ја совладаат ОК Лирија со 3:2, на гостувањето во Тетово со максимални 0:3 (17, 11, 12) велешани се радуваа на нова победа. Со неа тие се сигурни на третата позиција од шест екипи, но со шанси за второто место каде  е ОК Шкендија со една победа повеќе.  Во следното коло, следниот викенд на домашен терен,ГОК Борец ја пречекува екипата на ОК Весна од Пробиштип.

Двете велешки екипи во прволигашка ракометна конкуренција забележаа порази. Во групата „А“  РК Бисинов загуби на гостувањето во од лидерот РК Мулти есенс со  47:24 (24:11). И по ова коло тие се последни  9-ти , со 7 бода а во следното играат дома со РК Кичево кое е  4-то со 19 бода.   Во група „Б“ МРК Борец  загуби дома од лидерот РК Аеродром со 9:41 (2:25)  по што и натаму се последни без освоен бод. Во следното коло  гостуваат во Скопје на трето пласирана екипа РК Голден арт.     

Со пораз  стартуваа во пролетнито дел  и пингпонгарите на ППК Борец ТИМ. Тие загубија со 2:4 од лидерот ППК Пелагонија и остануваат 6-ти од 10 екипи со 14 бода. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »