речник контакт

Одбојкарките на Форшпед финалистки на плеј-оф разигрувањето

Против екипата на Форца од Скопјe, велешанки ќе се обидат да стигнат до првата титула

Петар Печков

Со победата против Македонија од 3:2 во Стгрумица, одбојкарките на Форшпед стигнаа до финалето во разигрувaњето за првак на Македонија. Откако претходно славеа и во Велес со уверливи 3:0 отворен им е патот за дуел со скопската екипа на Форца. Во финалето кое ќе започне во средината на мај, се игра на два добиени натпревари. Велешанки засилени со грчки тренери атакуваат на првата титула.

За разлика од нив, одбојкарите на Борец Брако ќе треба да играат мајсторка, закажана за 4-ти мај во Велес, откако во Струмица загубија од екипата на Аба со 3:0 а во Велес Борец Брако победи со 3:2. Затоа пак надигрувањето со екипата на АБА Струмица продолжува во купот. Велешани вторник ја играат првата од двете средби, од чиј исход зависи кој ќе игра во неделното финале на 1-ви мај во Купот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »