речник контакт

Одбојкарот Илиев како тренер и играч влезе во Бундес лигата

Македонскиот одбојкарски интернационалец Горан Илиев постигна троен успех со неговиот клуб ТВ Бул откако како играч, тренер го освои првото место во втората лига во сезоната 2008/9 и се пласираше во Бундес лигата.

Петар Печков

Македонскиот одбојкарски интернационалец Горан Илиев постигна троен успех со неговиот клуб ТВ Бул откако како играч, тренер го освои првото место во втората лига во сезоната 2008/9 и се пласираше во Бундес лигата. За две години тој успеал да создаде екипа која од есен ќе игра во најсилната германски лига. Минатата година биле трети а оваа сезона ја завршиле како прваци.

- Презадоволен сум од успехот што го постигнавме како клуб, бидејќи настапував и како средњак и тренер, што не доведе на лидерската позиција. Наесен планирам да бидам само играч и тоа во последната сезона од мојата активна кариера на теренот. Кога заминав во Германија планирав да останам 2-3 години а излегоа 12, тоа е животот. Драго ми е што сега се докажав и како тренер – изјави Горан Илиев ( 37 год) некогашен репрезентативец на Македонија со триесетина настапи за најдобрата селекција.

Тој и претходно, пред три години како тренер успеал со екипата на Ајнтрахт од Визбаден да биде шампион во втората лига и да се пласира во Бундес лигата, но тогаш го напуштил клубот и преминал во ТВ Бул. Директор на сегашниот клуб е грк а грците се бројни негови навивачи, но тоа не пречи Илиев да бдие одлично примен во клубот како македонец. За следната, нова сезона во првата германска одбојкарска лига екипата се засилила со  еден србин и репрезентативци на Камерун, Канада, Венецуела, БиХ. Илиев верува дека со овој квалитет не само што ќе опстанат во лигата, туку и ќе се пласираат во средината.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »