речник контакт

Одбојката куп натпревари, машката екипа изненади

Фудбалерите на Борец победија но тешко

Петар Печков

Овој викенд се играа одбојкарските куп натпревари. Во машка конкуренција екипата на Борец Брако изненади со победата над екипата на Шкендија од Тетово со  3:2 (25:20, 17:25, 25:20, 17:25, 15:10). Тие во полуфиналето ќе играат со Лирија од Жервојане, која исто како велешани направи изненадување елиминирајќи го Синалко од Крушево.

Во женска конкуренција Форпшед без поголеми проблеми како гостин  ја совлада екипата на Работнички во Скопје со   0:3 (19:25, 14:25, 21:25).  Тие во полуфиналето ќе играат со екипата на Македонија Макс од Струмица, и можност за реванш од минатонеделниот пораз во првенството на домашен терен. Вториот велешки претставник во купот, во женска конкуренција, Борец Брако дома загуби од Бами Кор со  0:3 (13:25, 19:25, 19:25).

Фудбалерите на Борец на домашен терен во саботата ја совладаа екипата на Кадино со 1:0 и останува на врвот. В сабота се игра локалното дерби, против екипата на Илинден во Башино село.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »