речник контакт

Одбројувањето за Питијадата започна

Фестивал на добрата храна -питата и виното, со одлична музика, детали од организацијата...

Петар Печков

Петок  10-ти октомври, попладне започнува 11-тата Велешка питијада, која на овој начин влезе во втората деценија. И е постара од ваквите манифестации во земјава. И онака велешани се гордеат дека пастрмалија подготвувале уште во 1869, што е запишано во турските тефтери. Манифестацијата официјално започнува во 18 часот, иако веќе од 16 часот се првите настапи.

Програмата предвидува  18:10 - Група „Виртус“ и Миле Кузмановски, 19:00 концерт Нино Величковски, 20:30 концерт на Наум Петрески и „Виртус“ и од 22:00 - Ефто Пупиноски, Блага Петреска и „Академци“. В сабота  е рок вечер 20:00  - концерт на „Ареа“ , 22:00  настап на „Прљаво Казалиште“. В недела на 12 октомври  20:00 - концерт на Дани, 22:00 - 00:00 - концерт на Бени Шакири и „Нон-стоп“.

Како вовед секој ден од 14 часот се настапите на велешките поп и фолк групи. Годинава  бината ќе биде поставена пред т.н. Бугарска амбасада, за сообраќај улицата Благој Ѓорев ќе биде затворена од крстосницата пред црквата Св. Кирил и Методиј до крстосницата кај Авона.

За овие три дена е подготвен нов режим на сообраќај низ централното градско подрачје. Новина е што по минатогодишните реакции на посетителите, ќе се постават и подвижни тоалети, на паркингот кај Сако трејд. За паркирање на гостите од страна на располагање се паркинзите на Гимназија, на ЕВН и на Општина Велес.

За запазување на хигиената до секој до досега пријавените  30-те штандови ќе биде донесена вода и електрична енергија. За помош на посетителите ангажирани се хостеси, домаќинки ученици од средните училишта кои на посетителите ќе им ги објаснуваат сите непознати, ќе им помагаат да дојдат до посакуваниот штанд, винарија. За естрадните уметници кои ќе настапуваат  на Питијадата ќе биде поставен шатор, каде ќе може да се дружат со посетителите.

Гостите од Загреб Прљаво казалиште во Велес доаѓаат в сабота претпладне, ќе бидат сместени во хотел Романтик а тие ќе имаат дружење со велшани пред и по нивниот  концерт, на самата Питијада.  А да и времето годинава, ќе биде топло, дневните температури до 25 степени, ноќните околу 10. Забавата  може да почне...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »