речник контакт

Одземени пари од обложувалница, под закана по живот за вработената

Лицето кое ги одезело парите, тоа го сторило со вербална закана по живот на вработената

Петар Печков

Неделата пред полноќ, одземени се пари од  обложувалница во Велес. Инцидентот се случил на една од бројните  обложувалници на ул. Благој Ѓорев, а лицето кое ги одезело парите, тоа го сторило со вербална закана по живот на вработената, без употреба на оружје, сила  или друго средство.

На 13-ти декември  околу 23.50 часот во обложувалница во Велес, со закана од вработената Г.Л.(20), едно лице одзело пари - информираше Верољуб Додевски, портпрол на СВР Велес.

Сторителот побегнал, а полициајта соопшти дека  преземаат мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »