речник контакт

Одземени се ингеренциите на градоначалникот и Советот за Детската градинка „Димче Мирчев“

Градоначалникот Колев и претседавачот на Советот Љутков со реакција на одлуката на Министерството за труд и социјална политика, која според нив е нејасна и непрецизна

Петар Печков

Одземени се ингеренциите на локалната власт на Општина Велес, на градоначалникот и на Советот, за Детската градинка „Димче Мирчев“. Ова на прес конференција го соопштија градоначалникот Марко Колев и претседавачот на Советот Зоран Љутков.  Тие со реакција за  одлуката на Министерството за труд и социјална политика, која за нив е нејасна.  

„Малтретирање и одземање на ингеренции, праќање на инспекции се дел од секојдневието изминатите 18 месеци. Молчев досега оти граѓаните ме избраа да работам  а не да се препукуваме политички и партиски по прес конференции. На прес конференции треба да зборуваме за проекти, за работа. Министерката за труд и социјала требаше да дојде да зборува за нова детска градинка,  а не за одземање на ингеренции. Таа нема комуникација со локалната власта, ниту сме се слушнале, ниту некаков контакт имаме и првиот беше одземање на ингеренции.  Затоа молчев а чашата се прелеа. За година и пол посетени сме од сите можни инспекции кои постојат. Половина ден губам по објаснување  и барање на документи за на крај да добиеме позитивни извештаи. Закочија изградба на кеј за на крај да констатираат дека се било ред.  Тендерите, постапките кои се веќе одобрени, не се распишани, стојат така по фиоки. Со  кавгање се дефокусира јавноста од реалните проблеми и барања на граѓаните“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

„Со оваа одлука се направени многу преседани. Одземени се ингеренциите на градоначалникот кој нема никакви ингеренции во работат на градинките и во носењето на одлуките на Советот за градските градинки. Се ова е тргнато од Општинската организација на СДСМ Велес, кое година и половина врши притисок врз работа на Советот. Претседателка на партијата во градот праќа инспекции за мојата работа  и досега не е констатиран ниту еден прекршок.  На претходната седница на Советот, на 33-та при разгледувањето на извештаите за работата на Детската градинка, имаше сериозни забелешки за сомнежи за криминал  и малверзации при тендерските постапки.  Набавка на леб, јогурт, компјутерска опрема по многу повисоки цени. Веднаш по овие јавно  кажани сомнежи, ни стигнува писмо од Министерството за труд и социјална политика, дека во рок од три дена ќе треба да се донесе решение за именување на нови членови на претставници на УО во установата. По ова укажување, како итна точка ја поставив таа што се бараше,  на 34-тата седница, за разрешување и именување на претставници во УО на Детска градинка Велес. Како вонредна беше усвоена и ставена на дневен ред. Таа како последна не беше разгледана оти седницата беше прекината. Седницата  може да се продолжи во било кое  време, и за таа точка нема донесено  одлука. Или согласно ова, Министерството нема право да ни ги одземе ингеренциите. Раководството на СДСМ Велес не работи во интерес на граѓаните, туку за личен париски интерес. Се` работи за да се заташкаат сомнежите за криминални тендери во институцијата“ - рече   Зоран Љутков, претседавач на Советот на Општина Велeс.

Тој најави дека оваа одлука ќе ја обжалат и не знаат што во пракса значи ова одземање на ингеренциите.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »